Јанева: Во СЈО ќе има зголемена фреквенција на лица за искази поврзани со постапките

Во периодот што следи во Специјалното јавно обвинителство ќе бидат повикувани лица кои се од корист со своите сознанија за постапките кои се отворени.

Ова го наведува специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во пишаната изјава за медиумите.

- Во периодот што следи ќе има зголемена фреквенција на лица во ова Јавно Обвинителство. Согласно Закон за кривична постапка (ЗКП) лицата кои се повикуваат ќе бидат од корист со нивните сознанија за разјаснување на околности по повод сите постапки кои се отворени во овој период. Постапките се однесуваат на досега објавените и необјавени неовластено прислушкувани разговори. Заради тајноста на предистражната постапка, поконкретни детали нема да се откриваат, вели специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 
 
15.08.2016 - 15:19
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега