Двесте илјади евра од Италија за помош на настраданите во поплавите

Италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка - Генерална дирекција за соработка и развој преку Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвената полумесечина, додели 200 илјади евра, со цел да се поддржат активностите на Црвениот крст на Република Македонија, за ублажување на последиците од поплавите во Скопско, соопшти Италијанската амбасада во Скопје.

Средствата, како што се наведува, ќе придонесат за финансирање на активностите за прва помош предводени од македонскиот Црвен крст, како на пример набавка на прехранбени производи, вода за пиење и други неопходности од примарен карактер: хигиенски средства, облека, душеци, покривки итн.

 
 
12.08.2016 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега