Србија праќа пумпи како помош за санација на штетите во Скопје

 

Помошник началникот на Секторот за вондредни ситуации Бојан Томиќ денеска изјави дека во Србија нема опасно за можни поголеми врнежи, и дека тој сектор ја прати ситуацијата и реагира според предупредувањатана Републичкиот хидрометеролшки завод.

После големите врнежи кои викендов ја погодија Македонија, Томиќ вели дека Србија ќе помогне во санирањето на последиците од поплавите предизвикани од обилните врнежи и дека ќе прати пумпи за испумпување на водата.

„Ние целата наша помош ја понудивме, чекаме конкретни барања од Македонија. Она што е важно ние имаме искуство со поплавите, обучени луѓе. Почетната помош која ќе ја пратиме се пумпи за црпење вода“, изјавил Томиќ за ТВ Пинк.

Томиќ не можел да прецизира колку точно луѓе ќе тргнат накај Македонија, но додаде дека колку пумпи, толку обучени луѓе ќе одат во Македонија, да работат со таа опрема.

Томиќ вели дека Србија ќе праќа помош според потребите на Македонија. 

 
 
08.08.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега