Ќе се врши обдукција на телото на момчето од сообраќајката кај Рампа

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје утрово издаде наредба до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија во Скопје за обдукција на телото на мотоциклистот од сообраќајката кај Кисела Вода.

22-годишниот С.А. за жал им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа кај Рампа

Покрај ова, обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.

 
 
01.08.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега