Спорните гласачи веќе се пријавуваат - оние кои нема да го сторат тоа ќе бидат избришани

 

Државната изборна Комисија завчера го објави списокот со имињата на спорните гласачи. Тие имаат рок да се пријават до 16 август. Како што информираат од ДИК, можноста за пријавување до сега ја искористиле 122 лица.

„До сега, можноста за пријавување ја искористиле вкупно 122 граѓани, и тоа лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно се пријавиле 5 граѓани, додека можноста за електронско пријавување ја искористиле 117 граѓани“, се вели во соопштението од ДИК.

Инаку, ако спорните гласачи кои иги има на листата не се пријават до предвидениот рок, ДИК ќе има право да ги избрише.

 

 
 
28.07.2016 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа