Тетовчанец заврши на скопските клиники - братот го претепал со камења

Вчера во Клиничкиор центар во Тетово бил донесен 65-годишниот И.Џ. од Селце со повреди во пределот на главата и телото.

Старецот со повредите се здобил при расправија со својот брат М.Џ., која во еден момент кулминирала кога тој започнал да го гаѓа со камења.

Поради сериозноста на повредите тетовчанецот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје, а неговиот брат бил веднаш притворен од страна на полицијата.

најчитано сега