Статистика пресмета: Колку години живее просечниот Македонец

Македонецот во просек живее околу 73 години.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија бројот на живородените деца во градските подрачја лани изнесувал 13.357 деца или 57.9% од вкупниот број на живородени деца, наспроти 9.718 или 42.1% во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 34.9%, а најмало Источниот регион со 6.9%. 

Просечната возраст на мајките еа 29.4 години во градските подрачја, а 27.7 години во селските подрачја. Просечната возраст кај првите раѓања изнесува 28 години во градските подрачја наспроти 25.3 години во селските подрачја. При првото раѓање, за 2.7 години е помлада мајката од селските подрачја. 

Бројот на умрени лица во градските подрачја лани изнесувал 12.462 или 60.9%, наспроти 7.999 умрени лица или 39.1% во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупнот број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 28,5%, а најмало Североисточниот регион со 8.5%. Бројот на умрените доенчиња во градските подрачја е 116, додека во селските подрачја 82 доенчиња.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја изнесува 72.4 години, а 73.2 години во селските подрачја. 

Учеството во природниот прираст кај населението од градските подрачја е 34.2% наспроти 65.8% од селските подрачја. Во три региони има појава на негативен природен прираст и тоа во: Пелагонискиот, Источниот и Вардарскиот регион. 

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 34% имаат преселбите од село во град. 

Во вкупните миграции на ниво на регион од село во град, најголемо учество има Североисточниот регион со 42.4%, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 61.0%. 

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1.700 лица, а најмало во Југозападниот регион - 57 лица

 
 
27.06.2016 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега