Гардијан анализира: Ѓоковиќ поминал низ пекол и сега ужива во животот

Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ доминира поради четири причини: има најдобар ритрн, одлично сервира, прв го напаѓа противникот и ментално е посилен од своите конкуренти, се наведува во анализата на британскиот весник „Гардијан“.

Ова тврдење за весникот пред стартот на третиот грен слем турнир годинава – Вимблдон, каде Ѓоковиќ брка трета последователна, а вкупно четврта титула го изнесе тенискиот аналитичар Крег О’ Шонеси и поранешниот француски тенисер Анри Леконт.

-Ѓоковиќ има најдобар бекхенд ритрн на светот. Тука почнува сѐ. Обично тенисерот кој е на сервис има два удари предност, сѐ додека трае ефектот од сервисот. Кога сервирате не сакате да дојдете до четвртиот удар, бидејќи потоа се подеднакви шансите и противникот да го земе поенот и затоа тоа што сте сервирале нема поента. А против Ѓоковиќ со таков силен повратен удар имате среќа доколку предноста е еден удар. Затоа неговите противници често се бранат после сервисот, смета О’ Шонеси.

Како што вели О’Шонеси, Ѓоковиќ скоро секогаш прв тргнува во напад и 70 проценти од поените ги завршува во четвртиот удар.

Скоро 20 проценти измеѓу пет и осум удари, додека десет одсто од поените ги освојува после деветтиот или повеќе удари. На Австралија опен во 2015 година, 69 проценти од поените ги освои по четири или помалку удари. Кога се подолги размени тој трча, еластичен е и неговата одбрана е добра. Но, голем број на поените ги освојува во првите четири удари, најмногу благодарение на неговата прецизност, вели О’Шонеси.

Дека Новак е ментално многу силен се согласува и поранешниот француски тенисер Леконт, и додава дека српскиот тенисер е „еден и единствен“ и дека станал многу поуспешен по освојување на Дејвис куп титулата во 2010 година.

-Сигурен сум дека животот бил комплициран за него и неговото семејство. Помина многу тешки и ужасни работи и сега може да ужива во животот. За него – ако победи, одлично, но ако загуби не е крај на светот. Среќен е со својот живот, одлично го познава своето тело, ментално е силен и може да се опушти, изјави Леконт.

Според неговите зборови не постои подобро подготвен играч од него на турнирите.
Начинот на кој тој тренира, нови техники е фелксибилен во однос на останатите. Претходно се зборуваше дека се потребни мускули и сила… Сега е поинаку, мораш да бидеш подготвен, да реагираш брзо и да бидеш флексибилен. Тој го може тоа, а единствено пофлексибилен од него е „Пластик мен“ (стрип-јунакот пластичен човек). Кога гледам како лизга на теренот, помислувам како јас би се искршил. Но, тој е неверојатен, заклучи Леконт.

 
 
27.06.2016 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега