Македонската полиција фати познат криминалец

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.М.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела, од кои три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“. 

Како што информира денеска МВР, во март 2016 година пријавениот, искористувајќи ја отсутноста на оштетените и со употреба на физичка сила и подесен алат, обивајќи ги вратите од куќите ги вршел тешките кражби.

И.М. одзел златен накит и поголема сума парични средства и разновидни предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 7.000 евра и 77.000 денари

 
 
23.06.2016 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега