Супер вест за викендов: Ќе се спасиме од комарците
На територијата на Скопје во сабота и во недела, од 5:30 до 10 часот, ќе се спроведе трето авионско прскање против комарци, соопшти денеска Град Скопје.
Терестрична дезинсекција против комарци во Скопје, пак, ќе се изврши од недела до четврток, од 23 до 4 часот.
Доколку поради временските услови не се изврши аеросолната дезинсекција, таа ќе биде извршена првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Град Скопје апелираат пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелите.
23.06.2016 - 10:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа