Седум лица повредени на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 13 сообраќајки од кои шест се со последицa материјална штета, а во шест со полесни повреди се здобиле седум лица. Во една сообраќајка едно лице возач на мотоцикл се задобил со тешки телесни повреди.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, вчера по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Единаесет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца ги управувале моторните возила под дејство на алкохол истите се исклучени од сообраќај, пет возачи за време на  управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. 15 пешаци  поминале вон обележан пешачки премин,  или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Затекнати се и четворица возачи кои за време на управување на велосипед со мотор,  мопед и  мотоцикл не го носеле заштитниот шлем.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 58 возила.

Одделениеот за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани  учесници во сообраќајоткои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ ќе бидат реализирани едукативни работилници во Детската Градинка „Раде Јовчевски Корчагин“ објект „Палешка“ која се наоѓат на подрачјето на општина Центар.

 
 
09.06.2016 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега