Проверете дали ќе останете без струја

Поради технички зафати во електро-мрежата денеска без електрична енергија ќе останат делови од Центар, Сарај и Шуто Оризари, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците  во околината на Ресторанот Опатија во Градскиот парк во општина Центар, а во истиот временски период прекин во снабдувањето со електричната енергија ќе имаат жителите од селата Долна Матка, Горна Матка, Глумово и Шишево во општина Сарај.

Без струја во истиот период од 9:00 до 15:00 ќе бидат корисниците  од ул. Дринска, ул. Вашинтонгска, ул. Нов Живот и ул. Виничка во општина Шуто Оризари.

Во периодот, пак, од 11:00 до 13:00 часот прекин во снабдувањето со струја ќе имаат корисниците од ул.  Киро Крстевски Платник, дел  ул. Коле Неделковски-кај поликлиника Идадија, и  ул.Златко Шнајдер во општина Центар.

 
 
08.06.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега