ФОТО: На девојка и ја ампутираа ногата , по операцијата ногата почнала да и расте

Кога се родила Менди Селарс од Америка имала пет пати поголема нога отколку што е вообичаено за новороденче и лекарите стравувале дека нема никогаш да може да оди. 

Таа е единствената личност на светот која пати од ретко генетско заболување кое предизивикува атипичен раст на кожата, главта и останатите делови на телото, пишува Дејли Мајл. 

Менди во 2010 година морала на операција за да и ја ампутираат еден дел од левата нога бидејчи почнале да и развиваатинфекции и и се заканувало сепса. Но, само неколку минути подоцна по операцијата, лекарите останале шокирани. 

- Веднаш по операцијата мускулот почнал да се зголемува и не можев да ја ставам ногата во протезата. Се чуствував беспомошно. Моето тело ја превзема контролата над мојот живот и јас не можев ништо да направам, раскажала очајната Менди. 

Лекарите одлучиле да посветат поголемо вниамание за случајот на Менди. Претпоставувале дека има редок Протеус синдром, состојба која предизвикува ефект „човек слон“. 

Подоцна се покажало дека нејзината состојба е предизвикана од мутација на PIK3CA гените, што предизвикува неконтролиран раст на нозете и стапалата. Менди вели дека и е вистинско олеснување кога ја знае дијагнозата. 

zena-noga (2)

- Не очекував дека некогаш ќе дознаам што е со мене. Се чуствував како целиот живот да ја чекам вистинската дијагноза, па конечно дознав поради што вака изгледам , рекла таа. 

Менди почнала да зема експериментален лек по што нејзините нозе станале полесни за 40 килограми. 

- Беше тоа вистинско чудо. Откако ја земав терапијата само по пет месеци почнав да чуствувам дека моите нозе почнаа да ја губат тежината. Се чуствувам подобро во својата кожа. Мојот жвиот се промени, поленсо се движам, изјавила Менди . 

Лекарите се уште не знаат дали нозете ќе продолжат да се намалуваат, но Менди не го губи оптимизмот. 

 

 

 
 
07.06.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега