ФОТО: Нова улица покрај Вардар во општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве изгради нова улица покрај реката Вардар на потегот од СЦ „Јане Сандански“ до булеварот „Србија“, поточно покрај булеварот „АСНОМ“.

nova-ulica-aerodrom

 

Вкупната должина на новата улица изнесува околу еден километар, а широчината 6 метри. Пред асфалтирањето на улицата беше изведена комплетна фекална и атмосферска канализација и водоводна мрежа.

Улицата, исто така, има тротоари од двете страни од по два метри и соодветно јавно осветлување, а има обезбедено и околу 200 паркинг-места, така што новата улица не само што ќе овозможи пристап до објектите што се градат покрај реката, туку и ќе им го олесни паркирањето на граѓаните од најблиските згради покрај булеварот „АСНОМ“.

Вкупната вредност за изградба на новата улица е околу 35 милиони денари, обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

 
 
18.05.2016 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега