Утре делови од Скопје без струја

 Без електрична енергија утре дел од жителите на општините Сарај, Петровец, Шуто Оризари, Студеничани и Илинден. 

Од 9:00 до 15:00 часот, бес струја ќе бидат корисниците од село Долна Арнакија, во Сарај, како и корисниците од дел од село Ржаничино, улици со броеви 4, 5 и 6, општина Петровец. 

Од 9:30 до 15:00 часот, без стгруја ќе бидат дел од корисниците од улиците Дринска, Виничка, Вашингтонска и Нов Живот од општина Шуто Оризари.

Од 10:00 до 13:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од село Маркова Сушица, во општина Студеничани. 

Од 10:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од селата - Миладиновци, Текија, Бујковци, Дељадровци, Мршевци, село Бучинци и село Грушино, во општина Илинден. 

 
 
16.05.2016 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега