Полициска вежба кај „Борис Трајковски“

На полигонот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска Министерството за внатрешни работи ќе спроведе вежба за практична употреба на средството за принудно запирање на возила „Стингер“.

Вежбата е предвидена како дел од тематска единица „Обука за контрола на возила во сообраќајот“.

Како што соопшти МВР, обуката е дел од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капацитетите на полицијата во областа на гранично управување, работата на полицијата со заедницата и борбата со организираниот криминалитет“ поддржан од Европската унија. 

 
 
16.05.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега