Михајловски: Народот сака да го сочува она што му е изградено до сега, ситуацијата да се реши на избори

Велешани денес масовно се собраа да дадат поддршка на народниот собир на ГДОМ.

toni-nova

Тони Михајловски истакна дека од таму била испратена порака за мир, за разбирање, порака да не се оди на агресија и да не се уништува она што е изградено во нашата земја.

-Основната порака е дека отсекогаш во Македонија се доаѓало на власт избран од народот преку фер и демократски избори. Пораката е да се реши ова на начин на кој ќе биде најбезболно за државата и народот на Република Македонија. Сигурно тоа не е начинот да се кршат спомениците, да се урива она што е изградено бидејќи тенденцијата и намерата на владејачката партија е да се гради Македонија, а не да се уништува, рече тој во вестите на ТВ Нова.

Михајловски апелира дека целава оваа ситуација може да се реши со мирно решение, со бистра глава, со разбирање меѓу себе и секако на избори.

-Македонскиот народ се разликува во многу од пред 25 години. Овој народ посебно во последниве 10 години го доби чувството што го немаше, чувството на припадност и државност. Народот гледа што е добро, а што е лошо за него и повеќе ниту едно гласило не може да го убеди дека ако нешто е добро е лошо или обратно. Затоа масовноста е голема затоа што народот знае што може да изгуби. Можеби во 90-тите години немавме што да изгубиме, но сега овие 25 години трнлив пат на градење држава не смееме да ги фрлиме туку така во река и да отпловат некаде во неповрат. Затоа народот е помасовен и сака да го сочува она што му е изградено до сега, рече Михајловски.

 
 
19.04.2016 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега