Таткото на осмоничениот за убиството на Јелена прозборе - еве што кажа тој за неговиот син

Убиството на пејчаката Јелена Марјановиќ кое го потресе целиот Балкан, се уште не доби епилог. Полицијата интензивно трага по убиецот, а во истрагата се вклучени сите кои живееат на територија на Борча и Црвенка. Изјавите на потенцијалните сведоци можат да имаат големо влијание на деталите во истрагата.

Во текот на ноќта Игор Ројко  беше соослушан во полиција поради убиството на пејачката Јелена Марјановиќ. Неговиот брат Небојша е во бегство, полицијата се уште трага по него. 

Таткото на двете момчиња, Гранц Ројко тврди дека неговиот син Небојша не е виновен иако е во бегство. 

- Мојот син не е виновен, тоа можам да го потврдам. Ни Небојша ни Игор не беа тука кога се случило. Тој е ситен крадец и од порано има досие во полиција. Има некоја неодлсужена казна и поради тоа побегна. Мислеше дека полицијата за време на претресот дека ќе го задржат во притвор, рекол неговиот татко. 

Тој исто така додаде дека сопругот на пејачката, Зоран Марјановиќ не бил кај нив дома по исчезнвањето на сопругата, иако тој кажал дека бил. 

- Не , тој не беше кај нас. Дојде само полицијата , тврди таткот. 

 

 

 
 
08.04.2016 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега