Ми рече дека таа сигурно ќе умре следна - стрината на Јелена со ужасна исповед
Гордана Крсмановиќ Марјановиќ, стрина на пејачката од Гранд, Јелена чије тело беше пронајдено во неделата во каналот кај насипот Црвенка, вели дека нејзината ќерка Јана не престанува да плаче и постојано повторувала: „Сите имаат мајка само јас ја немам повеќе.
- Со неа во неделата разговараше и психолог, но ништо не знам за тој разговор. Ја прашавме Јана што се случило тој ден, но таа молчи, раскажува Гордана.
Според зборовите на Гордана, за Јана се грижела Јелена, нејзината мајка ЗОирца и учителките. Сега девојчето е во градинка и не сака да се врати во куќата на нејзиниот татко, туку сака да оди кај мајката на Јелена.
Нејзиното семејство како да го бие проклетство, родителите на Јелена многу млади се преселија од Рашка во Борчи. Пред осум години и поччина таткото кој до тогаш се грижеше за неа, но таа несреќа не била крај.
- Минатата година нејзиниот чичко почина од рак, а оваа година и кај мајката на Јелена е откриен рак, поради што Јелена до пред два месеца одеше на Институтот за онкологија, каде Зорица престојуваше. Беше борец, обожаваше да пее, а ќерката и болната мајка ги издржуваше со пеењето, вели нејзината стрина со солзи на очите.
Таа вели дека не знае што можело да се случи на тој кобен ден, но нема да оди во куќата на родителите на Зоран додека убиецот не се открие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа