„Алкалоид“ со раст продажбата, добивката, инвестициите и бројот на вработени во 2015та
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7.860 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10%. Зголемување од 2% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.157 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 666 милиони денари е зголемена за 8%, покажува консолидираниот Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.018 милиони денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.070 милиони денари, бележи намалување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2015 година изнесуваат 986.806 илјади денари.
Во периодот јануари - декември 2015 година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа