Крвава драма во Прилеп: Со нож ги избодел поранешната сопруга и нејзиниот татко

 
Едно лице е потешко и едно полесно повредено од нож во селото Дебреште, општина Долнени. Повредените се префрлени на хируршкото одделение во градската болница во Прилеп и потешко повредениот е во животна опасност. Полицијата во моментов трага по сторителот.
 
Како што информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола, денеска околу пладне 46-годишниот Садем У. дошол во куќата на 80-годишниот Улмија У. и со нож го избодел, а потоа и неговата 41-годишна ќерка Мериде У. 
 
Садем веднаш побегнал и полицијата трага по него.  Тој е поранешен сопруг на Мериде и зет на Улмија од Дебреште.
 
Лекари од Итната медицинска помош кај селото Новоселани ги пресретнале роднините на двајцата повредени кои ги носеле во прилепската болница. Мериде има една, а нејзиниот татко Улмија четири убодни рани од нож и тој е во животна опасност.
 
Основен јавен обвинител се уште прави увид на местото на трагедијата во селото Дебреште, а полицијата трага по побегнатиот Садем У.
 
 
25.02.2016 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега