Пејачот на Гранд загуби тројца другари: Само тој остана жив во автомобилот

Победникот на Ѕвездите на Гранд, Амар Јашарпахиќ Гиле, преживал трагедија во која му загинале другарите. Тој бил во возилото во кое загинаа три лица, во саботата наутро на патот за Белград, кога автомобил БМВ изгубил контрола, се превртел и излетал од пат.

Тој во моментот на несреќата седел на заедното седиште, а со него во автомобилот биле тројца другари. За жал, сите освен пејачот загинале на лице место.

Пејачот се враќал од емисија кога се случила трагедијата која го потресе регионот. 

- Драги пријатели, заради повредите со кои се здобив и пред се големата загуба со која се соочувам, ги откажувам сите снимања и настапи, напиша пејачот.

Инаку, ова е втора сообраќајка за пејачот, откако во 2014 излета од пат.

 

 
 
18.02.2016 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега