ВИДЕО: Љубовна приказна која ќе ви ги стопли срцата - погледнете го неговиот гест

Љубовната приказна на двајцата од Јапонија започнала во 1956 година, кога склопиле брак и се доселиле на семејната фарма.

Во заедничкиот живот уживале 30 години, се додека госпоѓа Куроки не останала слепа, поради проблемите со дијабетес. Здравствената состојба на жената се комплицирала и таа се разочарала.

Затоа сакала да биде сама, но сопругот очајно се обидувал да ја расположи.

Тогаш мажот цело поле во Шинтоми го претворил во преубава миризлива градина, како подарок за неговата слепа жена, со цел да може таа да ужива во прекрасниот мирис на розите.

Многу посетители од цел свет доаѓаат да ја видат оваа градина и така местото прераснало во туристичка атракција.

 
 
17.02.2016 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега