Метеоролозите носат супер вести за оваа недела

 

Оваа недела, особено првите три дена, ќе ја одбележи навистина топло време, натросечно за овој дел од годината, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро

Очекуваме температура која во вторник ќе биде слична на понеделничката, односно во дијапазонот од 17°С до 20° во поголем дел од местата во западниот и североисотчниот крај, а на југоисток околу 22°С. 

Среда во однос на вторник ќе ќе биде „посвежа“ за околу 2°С, додека во четврток ќе биде „најстудено“ оваа работна недела, кога температурата ќе биде во дијапазонот од 12°С до 15°С низ поголемите населени места, и до 17°С на југоисток. 

Во петок за нијанса потопло од четврток.

Нема поголеми изгледи ниту за негативни вредности на минималната температура во наредните денови. 

 

 

Неделава ќе бидеме на периферија на два циклона, но периферијата ќе значи дека нема да почувствуваме вистинско цилконско време. Во секој случај, од оваа ситуација се очекува зголемена облачност од среда се до првата половина од петок, а можни повремени врнежи, пред се во западната половина од земјава се очекуваат во четврток.

 

Вторник ќе биде најсончевиот ден оваа работна недела. 
Ветерот кој ќе дува во понеделник и вторник од југ, веќе во среда ќе стивне.

 
 
15.02.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега