Го трогна светот до солзи: Болно девојче му пееше на Папата (ВИДЕО)
15-годишната Алекса е едно од болните девојчиња кои се лечат на Детската Клиника Федерико Гомез, која ја посети папата Франсис во неговата посета во Мексико.
15-годишната Алекса Гардуано го трогна целиот свет со своето пеење пред Папата кој вториот ден од посетата реши да оди кај децата во педијатриската болница. Тој таму бакна десетина болни дечиња и им посака оздравување.
Како што пренесува Дејли Меил, во болницата дечињата го пречекале Папата со воодушевување, а едно од девојчињата му запеало и песна. Нејзиниот ангелски глас допре до многумина.
15.02.2016 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа