Прочитајте каква е состојбата со мигрантите во земјава

 

Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 451 странски државјан за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Како што соопшти МВР, од нив 167 се од машки и 99 од женски пол, како и на 183 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија - 240, 172 се државјани на Авганистан и 39 државјани на Ирак, при тоа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

Од почетокото на годината заклучно со вчерашниот ден издадени  се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од нив 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-38.992, Авганистан-25.394 и Ирак-16.238.  

Во посочениот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 10 лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.02.2016 година евидентирани се вкупно девет баратели  на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, се вели во соопштението на МВР.

 
 
15.02.2016 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега