ФОТО: Двајца мажи во када полна рози - оваа честитка нема никогаш да ви излезе од глава
Хрватскиот моден критичар Невен Цигановиќ остави честитка за Валентајн која долго нема да ви излезе од глава. Со роза во раката, ливчиња од рози во када во која се гледа друга машка нога, тој порача: - Валентајн е мазохистички празник. Ако си во врска ова е денот кога треба да кажеш Те сакам и да купиш подарок, а ако не си, треба да се чувствуваш мизерно. Немојте да дозволите никој да ве натера така да се чувствувате. Секогаш можете да најдете некој кој ќе ја подели ноќта за овој празник со вас во када. Среќен Валентајн, напиша тој на Инстаграм и покрена лавина коментари.
15.02.2016 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа