Јанева на чело на фрегата од “титаници“ за да му помогне на Заев да не излезе на избори
Ефектот од „Титаник“ на кој заплови специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во јавноста е негативен и далеку од очекувањата на Зоран Заев. Ваквата анализа и ваквите впечатоци, изминативе два дена предизвикале искричења на релација Бихаќка-Специјално обвинителство.
Како што дознава КУРИР, во партијата постоела разочараност што не биле обезбедени доволно докази и заради тоа што судот не донел одлука да го притвори единствениот македонски градоначалник и бранителот на интересите на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко.
Од партијата биле исратени две насоки, сателитите да почнат со напади врз судот и судиите, а Јанева да се потпре на стратегијата на СДСМ од почетокот на објавувањето на незаконски прислушуваните разговори.
Според нашите извори, Заев инсистирал, исто како и со таканаречените „бомби“, Катица Јанева да почне најмалку еднаш неделно да држи театрални прес-конференции на кои би излегувала со паушални и непоткрепени изјави, со цел постојано да отвора нови и нови случаи, да оцрнува личности и на тојначин да ги покрива сите пропусти и недоследнисти кои ги направила во претходните.
Вештачки монтираната насмевка додека Катица Јанева објавуваше дека застанува зад кормилото на „Титаник“, кој Заев почна да го гради и чие испловување го најави во Капиштец, само ја потврди празнотијата на случајот и фарсата со која двоецот Заев-Јанева сакаше да ја вознемири јавноста и да предизвика тензии.
– Чекам резултати. Јас се борев заедно со вас за ова специјално обвинителство, рече Заев во Капиштец.
– Сакам да ја најавам првата акција на специјалното јавно обвинителство, речеЈанева.
–Тоа обвинителство ќе испорача наредби за истраги, обвинителни акти, изјави Заев.
–Постапки за десеттина кривични предмети, рече Јанева.
–И дај Боже и притвори, изјави Заев.
–Предложена е мерка притвор како најстрога мерка за обезбедување присуство, рече обвинителката Фатиме Фетаи.
– Е сега резултатите ќе се испорачаат и тоа ќе има влијание врз изборите, заклучи Заев во Капиштец.
КУРИР дознава дека политичките говори кои ги имаа Јанева и нејзините соработнички, претходно биле предмет на расправија, бидејќи неколкумина обвинители се спротивставиле на држењето на чисто политичка линија со која Специјалното обвинителство уште толку ќе го загуби правниот и професионален кредибилитет. На крај надвладеала струјата која сметала дека требало тие да ја преземат одговорноста за оспорување на изборните победи на ВМРО ДПМНЕ.
Затоа на прес конференцијата, во стилот на Зоран Заев, беше фрлен сомнеж на изборите, но никаде не беше соопштено за колку всушност спорни гласови или гласачи се работи. Од извори во истрагата, КУРИР дознава дека СЈО навело имиња на околу 1.400 лица, македонски државјани кои биле на избирачките списоци во Скопје, Кичево и Ресен.
Разликата во освоените гласови меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во континуитет се движи од 150.000 до 20. 000 гласа разлика. Свесни за овој факт, сценаристите кои го пишувале договорот намерно ја изоставиле бројката од 1.400 лица, бидејќи со тоа знаеле дека целата манипулација со која што Заев сака да го оспори легитимитетот на ВМРО ДПМНЕ и да избега од избори паѓа во вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа