Шефот на холандската дипломатија во посета на Македонија

 

Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Шефот на холандската дипломатија  ќе оствари средба со министерот за надворешни работи Никола Попоски и ќе биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

- Во фокусот на разговорите на двајцата министри ќе бидат мигрантско-бегалската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграцискиот процес на Република Македонија, како и билатералните односи помеѓу двете држави, информира Министерството за надворешни работи. 

За време на работната посета, Кундерс ќе го посети и Прифатниот центар за бегалци „Винојуг“ во Гевгелија, каде што ќе биде пречекан од државниот секретар на Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска. 

 
 
14.02.2016 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега