Го подарува бубрегот на девојче кое прв пат го гледа во животот - Перица ја враќа надежта во луѓето

Перица вујовиќ од Србија решил да донира бубрег на Јелена Миловановиќ од Смедеревска Паланка. 

Се запознале преку социјалните мрежи откако Јелена, која е родена со еден бубрег, што дознала пред осум години, кога отишла кај докторот поради хронична болест, решила да ги превземе работите во свои раце. Здравствената состојба и се влошувало од ден во ден била повеќе од година дена на листата за трансплатација, но донатор немало. следел апел преку социјалните мрежи на кој одговорил перица, со кој Јелена со месеци се допишувала, а потоа и се запознала. 

- На листата на чекање бев подолго од година дена. но до сега никој од болниците не ми се јави. Мисалм дека тоа е така бидејќи имам ретка крвна група. Требаше донатр да ми биде мојот татко, дури и сме компатибилни, меѓутоа се воспостави дека поради нешто сепак не може, почнав да пишувам апел на Фесјбук, раскажува Јелена. 

На нејзино извинување се јавиле повеќе луѓе, меѓу кои и Перица кој има иста крвна група но потребни се уште анализи за да се утврди дека се компатибилни. 

- Приказната на Јелена ме погоди од лично искуство и мојот син Марк утре или за некоја година ќе му биде неопходна транспалтација за срце. Во шестиот месец му била воспоставена дилетативна кардиомиопатија, екстремно оштетување на левата срцева комора. лекарите во Турција ми рекоа дека на нашиот Марко му е потребен кандидат за трансплатација. Дали тоа ќе биде за пет, десет или 20 години, тоа мора да се  случи. Па поради тоа сакам јас да направам нешто за кое може и другите би го направиле, да спасиме млади животи, вели Перица.

 

 

 
 
12.02.2016 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега