МЗШВ: Само Николовски и СДСМ манипулираат со земјоделците

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство реагира на манипулациите на СДСМ и на дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски искажани во Ресен.

интегрален текст од реакцијата на МЗШВ

Доколку Николовски сака да не ги манипулира земјоделците и да работи во нивен интерес како што се претставува, би требало да им каже дека субвенциите за 2015 година во овоштарството се исплатуваат според законски предвидениот рок, односно според календарот за исплата  и дека не постои можност за селективна исплата по каква било основа, а особено по партиска. Тоа може да го провери и од неговото членство кое секоја година зема земјоделски субвенции.

Со доаѓањето на коалиционата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, земјоделското земјиште се доделува на јавен оглас или за поголемите парцели и со електронско јавно наддавање, а не во четири очи како што тоа го правеше Владата на СДСМ кој големите парцели и најубавото земјиште го даде на нивните партиски членови.

Министерството за земјоделство не само пред избори како што го прави тоа СДСМ, туку постојано е во контакт со сите земјоделци и разговара и бара решенија за сите прашања кои се во интерес на земјоделците.

Мерките кои што ги предлага СДСМ во земјоделството, особено за зелената нафта, која некои земји ја воведоа и веднаш ја укинаа, се само предизборен маркетинг и празни ветувања, за разлика од системската и континуираната поддршка на коалиционата Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Министерството прашува зошто СДСМ кога имаше можност на земјоделците им даваше едвај 6 милиони евра, а сега им ветува 160 милиони евра? Кој ќе ви верува?

Земјоделците знаат кој вистински мисли за нив.

 
 
28.01.2016 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега