Груевски: Ќе се изградат нови 150 типизирани игралишта за баскет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави 5 нови проекти за младите во Македонија, од кои е и проектот за изградба на  150 нови типизирани игралишта за баскет.

150-те нови типизирани игралишта за баскет ќе бидат лоцирани ширум градовите и населените места низ Македонија.

-Јас сум уверен дека токму помеѓу тие млади деца, се наоѓаат новите спортски херои на Македонија. Овие игралишта ќе бидат со тврда акрилна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе бидат соодветно осветлени со сите потребни и попратни реквизити потребни за ваков вид на спортување, појасни Груевски.

Надлежна за овој проект ќе биде Агенцијата за млади и спорт која во соработка со единците за локална самоуправа оваа година уште веднаш ќе започне со подготвителни активности во правење на типизирани проекти, а на терен ќе се отпочне со работа на почетокот на 2017 година. Се очекува овој проект комплетно да биде завршен до 2020 година.

-Овој проект за изградба на 150 игралишта за баскет ќе биде надградување на проектите од областа на спортот како што е изградбата на 120 тениски игралишта, изградбата и реализацијата на 100 повеќенаменски спортски игралишта и изградбата на вкупно планираните 180 спортски и училишни спортски сали, заклучи Груевски.

 
 
28.01.2016 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега