Гореше автомобил во Куманово

Се запали автомобил „пунто класик“ во центарот на Куманово, во близина на Здравствениот дом, попладнево околу 12.30  часот, информираа денеска во ТППЕ Куманово.
 
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информира дека автомобилот го гаселе пет пожарникари со едно противпожарно возило.
 
Од пожарот оштетен е предниот дел на автомобилот.
 
Причинетата материјална штета и причините за опожарувањето допрва ќе се утврдуваат
 
 
28.01.2016 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега