Паника во Прилеп: Пожар избувна во зграда

Синоќа околу полноќ избувнал пожар во зграда лоцирана на улицата Браќа Ламески во Прилеп. Била опожарена разводната табла со 10 електрични броила и осигурувачи, која била под скалите во влезот. Пожарот е изгаснат од страна на Против-пожарната единица Прилеп. Од увидот е констатирано дека покрај станарите од зградата од истата табла се снабдувале и три други потрошувачи. Висината на материјалната штета, како и причините за настанување на пожарот, дополнително ќе биде утврдена.

 
 
22.01.2016 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега