Утрово минус 18: Студот не попушта - Македонија мрзне

Во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Берово каде минималната температура е -18 степени, по што следуваат Маврово со -16, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Битола и Дебар со -14, Пожаране, Куманово и Крушево со -12, Штип и Скопје со -11, а Демир Капија, Струмица, Пожар, Прилеп и Ѓуриште -10 степени.

Утринската температура во Тополчани, Кавадарци и Виница изнесува – 9 степени, во Гевгелија и Претор -7, во Охрид -6 и во Дојран -5 степени.

Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 38 сантиметри, додека во Лазарополе има 30 сантиметри снег, во Берово 25, Пожаране 22, Крушево 19, во Ѓуриште 16 сантиметри…..

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринава зголемена облачност има во југозападниот дел од државата. Дневната температура ќе се движи од -3 до 4 степени.

 
 
20.01.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега