Ова се најотровните производи кои ги купуваме - опасни се а ги има во секој дом

Иако сите ги јадеме овие артикли, сепак тие се на дното на листата на здрава храна која треба да ја консумираме. Секојдневно на пазарење ги полниме торбите барем со дел од нив, а откако ќе ја прочитате оваа вест ќе прочитате два пати.

 

ПАШТЕТИ

Паштетите се во групите производи со најлош квалитет. Се користи ефтино месо, од најлоша категорија. Кожички, вода, маснотии...се она што е повеќе од 50 отсто од составниот дел на паштетите.

 

МАРГАРИН

Маргаринот е хидрогенизирано сончогледово масло, а процесот на хидрогенизација вклучува конверзија на масти од течна во цврста состојба. Се додаваат и А, Д и Е витамин. Во него има масти кои го зголемуваат нивото на холестерол.

 

МАЈОНЕЗ

Сончогледовото масло е 70 отсто од составот на мајонезот. 100 грама мајонез има повеќе калории од 100 грама сланина. Light мајонезите имаат помалку масти, но и тие се штетни за здравјето. Дури и во сланината ќе најдете повеќе протеини и витамини од тука.

 

ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОЦИ

Содржат стимуланси како и кофеинот, таурин, и повеќе од 10 посто шеќер. Има повеќе кофеин во нив отколку во кафето. Го зголемуваат крвниот притисок и ја забрзуваат работата на срцето.

 

 

 

 

 
 
17.12.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега