Позната актерка жртва на тешко семејно насилство

Познатата австралиска актерка Рејчел Тејлор призна дека била жртва на семејно насилство и тоа од страна на поранешното момче Метју Њутн.

Во интервју за „Дејли Лајф“, Рејчел отворено проговори за деновите кога трпела тешко насилство, при што се здобивала и со сериозни повреди.

На прашањето како се чувствува денес, пет години по прекинувањето на „нездравата врската“, Тејлор вели дека е горда на себе.

- Тоа е прашање од перспектива на срамот кој често се пворзува со семејно насилство. Проблемот е во стигмата на срамот која жртвата пречесто ја носи, а мене не ми е срам. Ако тоа искуство оставило некоја трага врз мене, тогаш тоа е гордоста, затоа што успеав од се да излезам посилна, изјави актерката.

Тејлор и Њутн се разделија 2010 година по два „насилни и предизвикани“ напади во Рим. По тоа, на Њутн судски му беше забрането доближување до актерката, а судските вештаци потврдија дека повредите што ги имаша Рејчел се здибиени од „удари на главата од земја и од ѕид“.

- Мислам дека ниедна жена не очекува дека ќе стане дел од таа црна статистика. Знам дека јас тоа не го очекував. Сите мислиме дека сме посебни, но тоа не бев јас. Во почетокот се чувствував засрамено, глупаво и многу тажно. И многу, многу малечка. Се чувстував како од мене да останала само четвртина личност, а каде исчезна остатокот, не знаев, се потсети Рејчел, која предупреди дека за оваа тема во јавноста најчесто не се зборува, што дополнително го отежнува животот на жртвите.

Нејзиното 38-годишно поранешно момче, една година подоцна беше осуден, но потоа сепак ослободен, за насилство над тогашната вереница Брук Сачвел. Психолозите заклучија дека тој е рехабилитиран и дека „најверојатно нема повторно да напаѓа“. 

 
 
30.11.2015 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега