ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме секој притисок на СДСМ врз медиумите

СДСМ е во очај и затоа сега медиумите им се виновни, а како што ќе ближи 24-ти април виновни ќе им бидат и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме целото соопштение интегрално:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува секој притисок и атак од  страна на СДСМ врз медиумите. Медиумите и јавноста имаат право да ја знаат вистината дали партиските фунционери на СДСМ имаат криминални досиеја и правосилни диудски пресуди.

Граѓаните и медиумите имаат право да знаат:

Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице со досие од областа на насилниот криминал?

Дали СДСМ за дополнителен заменик министер во МИОА предложи лице кое е осудено со казна затвор од 3 месеци или една година условно доколку не го повтори делото?

Дали медиумите лажат дека имало судски процес во Основниот суд Битола против него?

Дали во тепачката која е предмет на кривичен прогон на едно лице со нож му е пробиено левото белодробно крило?

Овие прашања СДСМ мора да ги одговри, порано или подоцна. Нема бегање. Колку повеќе молчи толку посурова ќе биде политичката казна на граѓаните на 24-ти април.

Остануваат само уште 146 дена од народниот суд. Времето за СДСМ незапирливо тече.

 
 
29.11.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега