Временска за следните неколку дена: Што не очекува?

Стабилната, антициклонална состојба, продолжува и во деновите од викендот кој што е пред нас. Сончево време се очекува и во сабота, и во недела. Можна е сосема мала облачност во сабота, јавува Метеопро.

Во деновите од викендот, иако се очекува пад на темпераурата во однос на претходните денови, сепак ќе биде релативно топло. Саботното утро ќе биде малку потопло во однос на неделното. Минималните температури низ котлините ќе имаат вредност во границите од 5°С до 10°С во сабота и од 3°С до 8°С во недела.

Сабота ќе биде посвежа од петок, со максимална вредност на температурата помеѓу 15°С и 19°С во поголем дел од низините низ земјата, а во гевгелиско - дојранскиот крај околу 21°С. Недела ќе биде посвежа и во однос на дневната температура. Во однос на саботните вредности на максималната температура недела ќе биде посвежа за околу 2°С.

 
 
11.11.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега