Владимир Путин „ја меркал“ Никита

 

Пета Вилсон (42), австралиска актерка која се прослави во серијата „Никита“, откри дека пред десет години и се додворувал Владимир Путин, претседателот на Русија.

- Бев на фестивал во Москва, кога Путин им нареди на сите да излезат од собата. Останавме сами, а тој ми подари дијамантски ѓердан. Ми се додворуваше, ме хранеше и ми зборуваше за вотката. Беше тоа вистински ноќен кошмар, рече Пета.

Секси русокосата наводно порано била во врска со Расел Кроу и Мик Џегер, а во 1990 година се омажи за режисерот Демијен Харис, со кого има син. Тие двајца се разведоа во 2002 година.

најчитано сега