Лишен од слобода возачот на камионот кој усмрти детенце во Влае

Возачот на камионот со кој синоќа беше усмртено 11-годишното девојче во Влае, е лишен од слобода. Според податоците од полицијата, вчера попладне во 15 часот и 30 минути на крстосницата од улиците: „В.В. Чакаларов“, „Ангел Динев“ и „Исаија Мажовски“, се случила сообраќајна незгода во која товарно моторно возило „Даф“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка Кесон, управувано од страна на Р.В. удрил во пешак на возраст од 11 години.

За жал, малото девојченце почина на местото на несреќата и ја зави Македонија во црно. Возачот на камионот е лишен од слобода во Полициската станица во Ѓорче Петров и ќе биде изведен пред надлежен суд.

По наредба на Јавно обвинителство телото е предадено на обдукција. 

 
 
25.10.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега