Страшна сообраќајка во Струга: Младо момче почина на лице место

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна незгода што синоќа се случи на регионалниот пат Охрид – Струга. Како што пишува МИА, незгодата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „Фијат караван“ од засега непознати причини излетало од патот, близу Еврохотел.

Во сообраќајката за жал 29-годишен кичевчанев  го загуби животот. Едно лице е префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, а три во Струшката болница.

Увид вршеше јавен обвинител во присуство на полициски екипи од сообраќајната полиција во Струга. Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до излетување на возилото од патот.

 

 

Оцени ја веста

25.10.2015 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега