Починал на лице место: Трагедија на скопските улици

И покрај тоа што од вчера стапија на сила новите измени на Законот за сообраќај, уште една трагедија ја потресе Македонија. Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои шест поминале со материјална штета, а во четири од нив со последица телесна повреда се здобиле тројца сопатници, двајца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една сообраќајна незгода во која загинал пешак. Сообраќајката се случила во 6 часот и 20 минути на крстосницата од улицата „Ѓорче Петров“, улица „Злеполе“ и улица „Мајски манифест“ во која учествувале патничко моторно возило „фијат дукато“, со гостиварски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Гостивар и пешак, граѓанин на Скопје, роден 1939 година. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и истиот им подлегнал на повредите на лице место.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Осум возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 30 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола. Санкционирани се и 15 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 93 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега