Започна изградбата на монтажното училиште во битолско Поешево

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески денеска го означи почетокот на изградба на монтажното училиште кое ќе работи во состав на подрачното училиште „Коле Канински“ во селото Поешево.

Училиштето ќе се протега на површина од околу 100 метри квадратни, а ќе има две училници, канцеларија, тоалети и простор за котелот за парно греење.

2500poesevo-9

- Настава во училиштето моментно посетуваат 12 деца до петто одделение. Започнавме со реализација на еден од најважните проекти, а тоа е изградба на монтажно училиште и очекувам до крајот на оваа година, односно најдоцна до почетокот на второто полугодие децата да учат во новото училиште. Откако ќе се постави училиштето ќе се направи двор со игралиште, истакна градоначалникот Талески.

Проектот е финансиран од буџетот на општина Битола со околу 2,5 милиони денари

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега