Тори Спелинг откри со кои колеги од „Беверли Хилс 90210“ има спиено

Тори Спелинг минатата недела јавно признала дека спиела со дури двајца колеги од фамозната серија „Беверли Хилс 90210“.

Во првата емисија на „Celebrity Lie Detector” открила дека едниот од нив е Брајан Остин Грин, кој моментално се разведува од Меган Фокс, а во втората емисија открила дека другиот актер со кој спиела е Џејсон Присли, кој во серијата ја играше улогата на Брендон Волш.

1hils500

Неодамна беше прикажан и специјалниот филм „The Unauthorized Beverly Hills, 90210 Story”, но Џејсон изјавил дека кон него чувствува само презир, па фановите го обвиниле дека е циничен. Меѓу другото, актерот исто така открил дека е во добри односи со Шенон Доерти, која добила отказ од серијата, токму поради Тори Спелинг.

2hils500

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

06.10.2015 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега