Миша Ѓурковиќ: Светот влегува во период на сериозна и многу опасна глобална дестабилзиација

Политичкиот аналитичар од Србија, Миша Ѓурковиќ во интервју за Прес24, вели дека целокупната ситруација со бегалскиот бран, кој во моментов само транзитира низ Балканот е комплетно сценари подготвено и реализирано во САД со цел дестабизација на регионот и демографска промена на населението.

- Идејата за Исламската држава е целосно американски продукт. Во новата книга “Илузија на европската унија”, која наскоро ќе излезе направив реконструкција на историјата на англо-американската употреба на радикалниот ислам која трае повеќе од сто години. Сега присуствуваме на новиот бран на оваа употреба чии рефлексии се чувствуваат и на Балканот, вели Ѓурковиќ во интервјуто за Прес24.

Хрватско-српската напната ситуација од пред извесно време само покажа дека Балканот и натаму е опасно подрачје, кое лесно може да се дестабилизара.

-Балканот е едно од оние идеални места за британската и американската политика бидејќи содржи голем број отворени прашања и проблеми на кои преку ноќ можете да направите голема дестабилизација и нови војни. Тоа е во истовреме и мекиот стомак на Европа и начин таа да се поткопа и исто така да се дестабилизира. Всушност сега присуствуваме на нов бран на користење на одамна разработени шеми, вели српскиот аналитичар во интервјуто за Прес24.

ПРЕС 24: Бегалскиот бран кој го погоди Балканот, повторно потврди дека ова подрачје е многу сензитивно и дека е доволен само еден непромислен политички потег за да државите на Балканот повторно влезат во конфликт. Српско-хрватската економска “војна” траше кратко, но сосема доволно да покаже дека овде нешто не е во ред. Што е тоа?

ЃУРКОВИЌ: Балканот е едно од оние идеални места за британската и американската политика бидејќи содржи голем број отворени прашања и проблеми на кои преку ноќ можете да направите голема дестабилизација и нови војни. Тоа е во истовреме и мекиот стомак на Европа и начин таа да се поткопа и исто така да се дестабилизира. Всушност сега присуствуваме на нов бран на користење на одамна разработени шеми. Токму тие кои најмногу бараат регионална соработка и помирување во истовреме всушност најмногу ги раскаруваат овдешните народи и попречуваат проблемите да се решат.

ПРЕС 24: Беглаците од Арапскиот свет засега само транзитираат низ Балканот, но секогаш постои опасност голем дел од нив останат. Што тогаш?

ЃУРКОВИЌ: Тоа не само што е реална можност, туку тоа се одамна разработени планови кои полека ќе се имплементираат. Уште во 2009 мојот колега д-р. Слободан Јанковиќ присуствуваше на семинар кој во Белград заедно го организираа инструктори од меѓународни организации за миграција и меѓународни организации на трудот. Уште тогаш тие им објаснувале  на учесниците дека демографските проблеми на Балканот ( стареењето на населението и празнењето на територијата) не можат да се решаваат со обнова на домашното население, туку со населување на Ирачани, Авганистанци, Сиријци итн.. Значи реална е можноста да ни ја променат демографската слика во државите и така да создаваат дополнителни проблеми, какви што земјите од Западна Европа веќе ги имаат со својата имиграција која создава паралелни системи или држави во државите.

ПРЕС 24:  Постои ли опасност од нови конфликти на Балканот?

ЃУРКОВИЌ: Секако. Од најразличен вид. Очајната економска ситуација и бесперспективниот код на младите дополнително ја зајакнуваат можноста од конфликти. Како што е познато овој регион сигурно нема да влезе во Европската Унија во текот на следните петнаесет до дваесет години, а во исто време ќе биде и предмет на постојани условувања, економско уназадување и демографско пропаѓање.

ПРЕС 24:  Која е поголема опасност за балканските држави, непромислената политика на политичките лидери, или некоја врста на радикализација инспирирана од идејата за исламска држава?

ЃУРКОВИЌ: Политичките лидери со сите свои маани, корупцијата и ароганцијата,  сепак имаат многу ограничен простор за делување. Сите овие држави длабоко се исполнети со влијателни агенти, па и класични шпиуни на големите држави кои можат да ја бушат секоја власт и да го дестабилизираат секое од овие општества. Идејата за Исламската држава е целосно американски продукт. Во новата книга “Илузија на европската унија”, која наскоро ќе излезе направив реконструкција на историјата на англо-американската употреба на радикалниот ислам која трае повеќе од сто години. Сега присуствуваме на новиот бран на оваа употреба чии рефлексии се чувствуваат и на Балканот. Нормалните сунитски Муслимани многу добро знаат дека Вахабизмот е канцер кој Англичаните и Саудијците им го внесуваат во ткивото. Тоа го видовме и во Македонија за време на судирот во Исламската верска заедница.

ПРЕС 24:  Колку е реална тезата дека овој, веројатно, најмасовен бегалски бран во новата современа историја во основа е сценарио за промена на демографската карта на Европа. Дали исламизацијата на Европа е реален страв?

ЃУРКОВИЌ: Рускиот експерт за меѓународни односи, Јелена Панамарјева неодамна објави текст каде потсетува дека во Брукингс институтот и во уште некои американски тинк-тенкови, кои работат за ЦИА и за глобалните водачи во светот, уште во 2010, во време кога тие ја иницираа арапската пролет, разработувале и јавно објавувале планови за нови големи демографски движења. Најдобро сведоштво за тоа дека е во прашање голема планирана акција, е ангажманот на Џорџ Сорос и целокупната негова инфраструктура која на терен има огромна мрежа за поддршка на движењето на имигрантите кон европските земји.

Еве пред некој ден е објавен авторски текст во кој тражи од ЕУ да прифати милион(муслимански) имигранти годишно. Ова е дел од синхронизираните удари на Европа заедно со финансиската криза и удар на Еврото, а постои и врска со притисокот на САД да се потпишат т.н. ТТИП договори за голем простор на слободна трговија.

ПРЕС 24:  Не е ли малку чудно тоа што 90% од беглаците се од машки пол и тоа на возраст од 18 до 40 години?

ЃУРКОВИЌ: Секако дека е чудно и сериозно безбедносно и проблематично е тоа за кое зборувате. Од друга страна постои и реален факт дека тоа население е најмногу на удар бидејќи се соочени со изборот да ги регрутира или ИСИЛ или да ги убие. Затао тие први бегаат. Но, досега кон Европа не се движеа во толкав број.

ПРЕС 24:  Она што е посебно интересно е тоа што Европската Унија, како политичка структура како никогаш досега полажува елементарни слабости. Практично како да не функционира. Ако Брисел падна на овој тест, како тогаш да издржи многу поголеми предизвици?

ЃУРКОВИЌ: Структурата на Европската Унија не е правена за вакви предизвици. Таа пред се е меѓународен договор кој солидно функционираше во нормални времиња. Но кога ќе се случи ваква криза, која има размери на елементарни непогоди, целиот систем се распаѓа и државите го преземаат полниот суверенитет во заштита на своите граници и во одбрана на виталните интереси.

На тоа Американците и сметаа кога пратија волкав број на луѓе. Целиот систем се распадна (на пример т.н. Заеднички систем за азил за кои тие тврдеа дека е заокружен) и се покажа дека ЕУ не е јако политичко и безбедносно тело кое може да решава фундаментални проблеми.

ПРЕС 24:  Некои анализи на безбедносни структури во Европа предупредуваат дека бројката на бегалци може да помине и 30 милиони. Што ќе прават тие луѓе во Европа? Никој од нив нема оригинални дикументи. Кога ќе ја преминат границата кажуваат име и држава од каде се. Никој тоа не може да го утврди. Тоа најверојатно значи дека никој од нив никогаш не би се вратил во Сирија, Авганистан, Либан...

ЃУРКОВИЌ: Само сирискиот конфликт произведе над десет милиони раселени луѓе од кои четири милиони се надвор од земјата. Што значи реално е дека барем неколку милиони ќе тргнат кон Европа што доведува до радикални промени на демографската структура. Постои реална опасност дека многу од нив ќе завршат на нашите простори. Европа ќе прими еден дел. А за нас предвидуваат да бидеме некаков собирен центар од каде тие би вршеле селекција, земање на еден дел, а останатите да останат овде. Точно е тоа дека луѓето не сакаат да останат овде и дека сите сакаат во Германија и Шведска, но оние кои таму нема да бидат пуштени пред се ќе останат овде отколку да се вратат во Сирија и на Блискиот исток. Орбан е во право: Кога еднаш ќе пуштите неконтролирано голем број луѓе на својата територија тогаш прашање е дали некогаш ќе успеете да ги истерате.

ПРЕС 24:  Ако војната во Сирија трае веќе 4 години, зошто токму сега се случува оваа преселба на народите?

ЃУРКОВИЌ: Поради интересите на Американците, Ротшилд, Сорос и другите заинтересирани. Веќе зборувавме за тој момент и за другите состојби кои се поврзани со оваа криза и глобалните односи.

ПРЕС 24:  Да се вратиме на изворот на кризата. Се појасно е дека Русија презема главна улога во движењето против ИСИЛ. Ако е тоа така, што би можело да излезе како резултат на крајот? Опасност од можен нов поголем судир на истокот и западот, или можеби прв партнерски дил помеѓу Москва и Запад по втората светска војна?

ЃУРКОВИЌ: Тоа денес никако не може да се предвиди. Постојат големи судири и внатре во американскиот естаблишмент околу тоа што да се прави со целата приказна. Има силни заговорници за поддршка на ИСИЛ, а има и такви кои мислат дека со тоа е отидено предалеку и дека треба да се работи со Русија за негово сузбивање. Се тоа секако има врска и со претседателските избори во САД. Конечно и во Европа постои голем внатрешен судир по прашањето за односот кон имигрантите. Додека обичниот народ се противи, корпорациите, коморите и бриселската бирократија се залагаат за што поголем прием.

 

Светот влегува во период на сериозна и многу опасна глобална дестабилзиација. 

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега