Страшна сообраќајка во Македонија: Пожарникари со часови не можат да го извадат загинатиот

Трагедија ја потресе Македонија. И оваа недела започна трагично откако едно лице загина рано утринава на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, кај каменоломот на Трансмет, кога комбе „цитроен џамбо“со прилепски регистарски таблички удрило во влекач со полуприколка, со битолски таблички, кое било паркирано покрај патот, најверојатно бидејќи било расипано.

На лице место загинал возачот на комбето кој екипите на противпожарната служба се обидуваат се уште да го извлечат. 

Полицијата се уште врши увид на местото, по што ќе се знаат и причините за несреќата, како и идентитетот на загинатиот возач.

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега