Судот ја прифати снимката - се готви обвинение за скопската дадилка

Се пишува обвинителниот акт против 61-годишната скопјанка Т.С. која ја згрози македонската јавност откако го претепа бебенцето за кое беше платена да го чува. Како што пишува Плусинфо, обвинителниот акт се очекува да биде готов до крајот на месецов и да му биде доставен на судот.

До почетокот на процесот, но и до правосилноста на пресудата таа останува во притворската ќелија во истражниот затвор „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, бидејќи брутално го малтретираше и тепаше 10-годишниот Даријан, а снимката која излезе во јавноста сите ги згрози и предизвика лавина негативни коментари.

Иако во јавноста се шпекулираше многу со изјавата на Ванчо Митев, адвокат на дадилката, кој тврдеше дека снимката од безбедносната камера не била обезбедена според законот, сепак, ова тврдење го негираа полицијата, судот и ОЈО: - Судијата на претходна постапка го разгледал предметот со кој на Т.С. и е определен притворот, побарал мислење од ОЈО и извршил увид и одлучил дека снимката е законски направена и е извадена од мемориска картичка која претходна била дадена во МВР од таткото на оштетеното малолетно дете, за што е составена и потврда за привремено одземени предмети, пишува Плусинфо.

На дадилката ќе и се суди во Основниот суд Скопје 1.

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега