Измени на законот: Ако возите без светла дење - 15 евра казна

Со поднесениот и усвоен амандман во новиот Предлог-закон за безбедност на сообраќајот на патиштата кој сé уште е во собраниска процедура се предвидува во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.

 

Ова е предлог на пратениците Нола Исмајлоска Старова, Силвана Бонева, Андон Чибишев и Марија Ангелова кои поднесоа амандман за останување на досегашното решение за употребата на светлата во сообраќајот од страна на возачите дење и ноќе. 

Обврската не се однесува за возачите на запрежни возила и велосипедистите кога запрежното возило односно велосипедот го управуваат дење, освен во услови на намалена видливост.

Мандатна казна во износ од 15 евра дење, 35 евра ноќе во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега