Груевски: Зошто во безмалку цела Европа математиката е задолжителна на матурскиот испит, а во Македонија не смее да биде?

Јас знам дека екстерното тестирање не е совршено, и може да се подобрува. И ние и во изминатите години го подобрувавме, а и сега работиме на нови подобрувања.

Премиерот Никола Груевски го истакна ова денеска пред граѓаните на Република Македонија, истакнувајќи дека образованието е клучно.

-Но, најмногу разочарува што политичките партии, опозицијата, сака и од оваа тешка борба за помош на новите генерации да станат поуспешни и посреќни во животот, со менување на некои наследени лоши навики, со повеќе учење и пред се знаење, сакаат да исполитизираа и сето ова да го користат во политичко партиски цели. Многу е опасно кога учениците и родителите неодговорно ги гледаш како бројка на гласачи на кои треба да им се угоди за да гласаат за тебе, дури и кога правиш чекори со кои на долг рок им одмагаш, а тие во моментот не се свесни за тоа. Ако и ние се вклучиме во таа битка, и почнеме да се натпреваруваме која партија ќе овозможи полесно земање диплома без знаење, каде ќе оди државата. За каков напредок ќе зборуваме, и за каков квалитет во образованието? Апелирам, основните вредности да не се предмет на политичко подкусурување и собирање ситни политички поени, рече тој.

Основните вредности се столбот на општеството, несмееме да ги рушиме. Загрижувачки е отпорот на дел од народот кон знаењето и учењето. Мошне загрижувачки.Особено оној на дел од родителите. Формирањето на партиски пленуми, охрабрувањето на учениците наместо да учат, да протестираат против проверката на знаењето, ќе бидам отворен е катастрофа за општеството.

-Или да ја земеме за сличен пример математиката која сакавме да биде задолзителна на матурскиот испит барем кај оние кои се запишале во математичка гимназија. И тоа не напредна матемтика, туку основна математика. Огромен отпор за нешто што е во прв план во сите напредни земји во Европа и во светот, и веднаш подршка од опозицијата преку нивниот пленум. Да го поставиме отворено прашањето? Зошто во безмалку цела Европа математиката е задолжителна на матурскиот испит, а во Макаеоднија не смее да биде? Зошто никаде опозицијата ова не го користи како алатка за политичка битка? Зошто во ниту една друга држава нема протести против математиката на матурски испит. Зошто нешто што е нормално во другите држави кај нас не е нормално? Зошто некој мисли дека владата сака со тоа лошо да им направи на матурантите, и зошто би им правела лошо? Зошто владата би се изложувала на политички ризик, ако не е научно докажано дека математиката ги развива центите за логика и рационално размислување кај секој човек, и е предуслов за успешност во најголемиот број струки кои во иднина може да ги одбере матурантот? Зошто гледаме да поминеме полесно за нешто што подоцна во животот ќе не направи неконкурентни и цел живот ќе минуваме многу потешко? И пак ќе прашам зошто заради дневна политика, некој го подржува тоа? Со иднината на нашите деца правиме дневна политика. Ете им, го одложиве и тоа со математиката, и законот за високо образование за септември 2016та. Ајде да видиме колку заради тоа некој ќе гласа на изборите за опозицијата, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

08.09.2015 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега